План на сала
Масите стојат како во локалот. Со еден поглед гледате која е слободна, која е ваша и каде е дадена сметката.
Каса за ресторани, кафулиња и продавници
Келнерот нарачува од телефон, кујната ја гледа нарачката на екран, а фискалната сметка излегува на касата. Без чекање, без трчање, без изгубени нарачки.
Бесплатно до 15 производи, засекогаш. Без картичка и без договор.
Можности
Направена заедно со угостители: брзо куцање, јасни бои и копчиња што се гледаат и во најполна вечер.
Масите стојат како во локалот. Со еден поглед гледате која е слободна, која е ваша и каде е дадена сметката.
Нарачката тргнува од масата, а маркерот веднаш излегува во кујната. Нема апликација за инсталирање: телефонот се поврзува со скенирање QR-код на касата.
Нарачките стигнуваат на таблет во кујната, по редослед. Бојата покажува колку долго чекаат, а „Готово“ веднаш се гледа на касата и на телефонот на келнерот.
Шанкот ги добива пијалаците, кујната храната — секоја станица своето, на свој печатач или на свој екран.
Втор монитор за купувачот: секоја ставка и вкупниот износ, додека се куца.
Секој гостин го плаќа своето, или делите по количина? Масата останува една, сметките се посебни.
Екстра сирење, без шеќер, мени со пијалак — точно на сметката и точно на маркерот за кујна.
Промет по келнер, сторна, попусти со одобрение, дневен и фискален извештај — секое движење е запишано.
Келнерот се најавува со допир на картичка или привезок на читачот, без да го куца PIN-от.
Ресторан и кафуле
Продавница
Без интернет
Сè што е потребно за продажба е на самата каса. Телефоните на келнерите и кујнските екрани работат преку локалната мрежа во објектот. Ако касата е поврзана со Stratus, кога интернетот ќе се врати, сметките се пренесуваат во Stratus и се достапни за преглед и анализа. Ништо не се губи.
Инсталација
Истата каса, истите можности и истите изданија. Изберете според компјутерот што го имате.
Microsoft Windows
За компјутер што веќе има Windows со лиценца.
Потребна е важечка лиценца за Windows на секој компјутер што е каса.
Верзија 1.2.9 · 64-битна · 77,5 MB
Без лиценца за Windows
Наш систем за каси, кој се инсталира директно на компјутерот, без Windows.
Инсталацијата го брише целиот диск на компјутерот. Тој компјутер станува каса и само каса.
Верзија 1.2.9 · ISO-слика за USB-меморија · 2,9 GB
Не сте сигурни што да изберете? Пишете ни и ќе ви советуваме според компјутерите што ги имате.
Stratus
Касата работи и сама. Со Stratus го водите објектот од каде било, а продажбата, магацинот и фактурите се на едно место.
Продуктите, цените и корисниците ги менувате во Stratus, а касите ги добиваат промените сами, за неколку секунди.
Сметките стигнуваат во Stratus во текот на денот. Прометот, продажбата и келнерите ги гледате и кога не сте во објектот.
По секој дневен извештај добивате преглед: промет, готовина и картичка, попусти и сторна, споредено со истиот ден минатата недела.
Секоја сметка ја намалува залихата во продавницата. Фактурите, пописот и сето останато комерцијално работење се во истиот систем.
Сите продавници и каси на едно место, со заеднички продукти, цени и корисници.
Гостинот ја оценува услугата од сметката, а вие ги гледате оценките по келнер.
Плус: резервна копија во Stratus, ценовни правила и среќен час, и три телефони за келнери вклучени.
Оксиметар
Оксиметарот ја мери заситеноста на крвта со кислород. Нашиот Оксиметар ги мери вашите сметки: каде заработувате, каде губите и што да смените. Сè од сметките што касата веќе ги испраќа во Stratus, без ништо дополнително да внесувате.
Кога е полно, а кога празно, по ден во неделата и час. Колку келнери ви требаат во петок навечер, а колку во вторник наутро.
Точните бројки за секој ден и час, со сметките зад нив.
Секој производ во една од четири групи: задржи, поскапи, промовирај, тргни.
Промет, просечна сметка, додатоци, „Уште една тура“, оценки од гостите, сторна и попусти, за секој келнер.
Необични сторна, тргнати ставки, попусти и разлики во касата, со кој и кога.
Секој понеделник во 08:00, на e-mail и на Telegram: вашата недела на еден поглед.
4.999 ден годишно или 499 ден месечно + ДДВ, по фирма, за сите каси.
Бара Stratus. Кога ќе имате 4 недели сметки, Оксиметарот сам се отклучува 30 дена бесплатно, без ништо да кликнете.
Плановите на nsOxygen се плаќаат годишно. Додатоците во Stratus може да се плаќаат и месечно, со токени.
Сакате да го гледате локалот и од дома? Оксипулс ја покажува салата и прометот во живо, од каде било на вашиот мобилен телефон, 4.999 ден годишно или 499 месечно, со 30 дена бесплатна проба. Двата заедно се O2: 7.999 ден годишно + ДДВ.
Изданија
Секое издание доаѓа како Ресторан или како Продавница.
Промоција · 8 месеци
Осум протони, осум месеци.
Кислородот има 8 протони, па и промоцијата трае 8 месеци. Ресторан: 15.999 ден за првата каса и 7.999 ден за секоја следна каса во истиот локалПродавница: 9.999 ден за првата каса и 4.999 ден за секоја следна каса во истата продавница, годишно + ДДВ. Лиценцата купена во промоцијата ја задржува промотивната цена две години.
Половина цена е за втората и секоја следна каса во истиот локал. Секој друг локал (на друга адреса) почнува со своја прва каса по полна цена.
За почеток и за мал објект
0 ден засекогаш
Без Stratus, сè на касата
Промотивна цена15.999 ден9.999 ден годишно + ДДВ
Препорачано
Каса поврзана со Stratus
Промотивна цена15.999 ден9.999 ден годишно + ДДВ
Stratus се плаќа посебно, според планот.
Ако веќе имате свој деловен софтвер
Промотивна цена15.999 ден9.999 ден годишно + ДДВ
Зошто токму 15.999? Толку е атомската маса на кислородот.
Продавница: истиот кислород, помала маса. Без маси, келнери и кујна, nsOxygen е полесна, а цената со неа.
Колку каси имате во објектот?
Првата каса 15.999 ден, секоја следна во истиот локал 7.999 ден годишно + ДДВ.Првата каса 9.999 ден, секоја следна во истиот локал 4.999 ден годишно + ДДВ.
Додатоци во Stratus: Оксиметар 4.999 · Оксипулс 4.999 · O2, двата заедно, 7.999 ден годишно + ДДВ. Плановите на nsOxygen се плаќаат годишно. Додатоците во Stratus може да се плаќаат и месечно, со токени.
Касата ја инсталирате сами за помалку од 5 минути (со nsOxygenOS за околу 20), со нашето упатство чекор по чекор, а со платено издание помагаме и на далечина. Доаѓање во локалот, инсталација на лице место и обука не се вклучени во цената; ако ви требаат, ги нудиме посебно, по понуда, според местото и патните трошоци.
Секое издание работи исто на Windows и на nsOxygenOS. Дополнителен телефон за келнер: 3.000 ден годишно + ДДВ (300 ден месечно, за споредба). Нова сметка во Stratus добива 30 дена од сè, бесплатно. Потоа касата продолжува како Бесплатно издание додека не изберете план.
Понуда за првите 16
Јадрото на кислородот има 8 протони и 8 неутрони. Нашето го прават првите 16 објекти што ќе почнат со платено издание.
Слободни протони: 8 од 8 · Слободни неутрони: 8 од 8
Побарај понудаПоминете со глувчето или допрете број за да видите кој е на тоа место.
Прашања
Најчесто не. nsOxygen работи на Windows 10 и Windows 11, на екран на допир или со тастатура и глушец. Ако компјутерот нема лиценца за Windows, на него може да се инсталира nsOxygenOS.
Нема потреба: инсталацијата трае помалку од 5 минути на Windows и околу 20 со nsOxygenOS, а упатството ве води чекор по чекор. Со платено издание ви помагаме и на далечина. Ако сепак сакате да дојдеме во локалот, тоа е посебна услуга, по понуда, според местото и патните трошоци.
Оксиметар е анализа на вашите сметки во Stratus: гужва и промет по часови, кои производи носат пари, како работат келнерите и необичните сторна и попусти, плус неделен извештај секој понеделник. Касата работи и без него; тој ви кажува што да смените. Кога ќе имате 4 недели сметки, сам се отклучува 30 дена бесплатно, па сами одлучувате дали вреди.
Оксипулс ја носи касата во вашиот џеб: на мобилниот телефон, од каде било, во живо гледате како оди денот и прометот, кој работи и кои маси се зафатени. Телефонот прво се поврзува во локалот, пристапот е само за супервизор со ПИН, а од далечина само гледате, ништо не менувате. Бара Stratus, чини 4.999 ден годишно или 499 ден месечно + ДДВ и го пробувате 30 дена бесплатно. Заедно со Оксиметар е O2: 7.999 ден годишно.
Ништо. Касата, телефоните и кујнските екрани продолжуваат да работат во локалната мрежа. Сè останува зачувано на касата. Ако касата е поврзана со Stratus, кога интернетот ќе се врати, податоците се пренесуваат во Stratus и се достапни за преглед и анализа.
Не. Телефонот се поврзува со скенирање QR-код на касата, а келнерот се најавува со истиот PIN како на касата. Телефоните работат преку Wi-Fi мрежата за персоналот, и без интернет.
Засега фискалните уреди Accent: печатачите PF550 и PF700 и касите SY55, SY46 и SY250. Уредот се поврзува преку сериски порт (RS232) или преку мрежа. Ако имате друг уред, пишете ни кој е.
Препорачуваме да. Касата работи и без Stratus, но со Stratus ги менувате продуктите и цените од далечина, прометот го гледате од каде било, добивате дневен извештај по е-пошта, а магацинот, фактурите и сето останато комерцијално работење се на едно место. Нова сметка во Stratus добива 30 дена бесплатно, со сите можности.
Ако работите со Stratus, да, секогаш. Податоците се ваши и од Stratus можете да ги извезете целосно, без прашања. Без Stratus, сметките и продуктите остануваат на самата каса, а дневните извештаи се зачувани во фискалниот уред.
Контакт
Кажете ни каков објект имате и колку каси и келнери ви требаат. Ќе ви се јавиме со понуда, без обврска.