Приватност

Политика за приватност

Важи од 28.10.2026.

Оваа политика објаснува кои лични податоци ги собираме преку страницата nsoxygen.mk и порталот за купувачи „Мојот nsOxygen“ (moj.nsoxygen.mk), зошто ги собираме, колку долго ги чуваме и кои права ги имате. Податоците што ги внесувате во самата каса nsOxygen или во Stratus не се дел од оваа политика — за нив важат условите за користење на тие програми.

Кој ги обработува податоците

Наносторм Македонија ДООЕЛ, ул. Гемиџиска бр. 9, 1000 Скопје, Република Македонија, ЕМБС 6288469, ЕДБ 4043012512274 (во понатамошниот текст: „ние“).

За сè што е поврзано со вашите податоци пишете ни на info [at] nsoxygen.mk.

Барање понуда

Кога ја пополнувате формата „Побарај понуда“, ги добиваме податоците што ги внесувате:

Ги користиме само за да ви се јавиме, да ви подготвиме понуда и, ако станете наш купувач, за договорот и фактурите.

Барањата се чуваат во нашиот систем Stratus. За секое ново барање добиваме известување преку Telegram и по е-пошта. Податоците не ги продаваме и не ги даваме на други за рекламирање.

Порталот „Мојот nsOxygen“

Кога ќе станете наш купувач, добивате пристап до порталот „Мојот nsOxygen“, каде ги наоѓате профактурите, фактурите и лиценците. За тоа чуваме:

Кога друг купувач ќе го внесе вашиот код за препорака, му ги покажуваме името и градот на вашиот објект, за да потврди дека вие сте го препорачале. Проверките на кодови се ограничени, за никој да не може да ги прегледа сите кодови по ред.

За што, врз која основа и колку долго

За штоПравна основаКолку долго
Да ви се јавиме и да ви подготвиме понудаВашето барање, пред склучување договорДодека не побарате да го избришеме барањето
Договорот, лиценцата и фактурите, ако станете купувачДоговорот и законските обврскиФактурите колку што бараат прописите за сметководство и даноци; останатото додека трае соработката
Заштита на формата од злоупотреба (IP-адреса, прелистувач, Turnstile)Наш легитимен интерес страницата да не ја користат автоматски програмиЗаедно со барањето
Мерење на посетеноста со Google AnalyticsВаша согласност преку прозорецот за колачињаСпоред поставките на Google Analytics, најмногу 14 месеци
Ознака на кликот од оглас на Google, за да знаеме кои огласи донеле купувачиВаша согласност преку прозорецот за колачињаЗаедно со барањето
Најава во „Мојот nsOxygen“ (е-пошта, име, шифрирана лозинка)ДоговоротДодека трае соработката или додека сопственикот не ја отстрани најавата
Кој ве препорачал, и прикажување на името и градот на вашиот објект кога некој ќе го внесе вашиот кодПрограмата за препораки, дел од понудата што ја прифативтеДодека трае соработката
Име, град, тип на објект и лого во „Јадрото на nsOxygen“Ваша согласност во „Мојот nsOxygen“Додека не ја повлечете согласноста
Запис за дадената или повлечената согласност (време, IP-адреса)Наша законска обврска да можеме да докажеме согласностДодека трае соработката

Не носиме одлуки за вас автоматски, само врз основа на програма, и не правиме профили за рекламирање.

Заштита од злоупотреба

Формата е заштитена со Cloudflare Turnstile, кој проверува дали формата ја праќа човек, а не програма. За таа проверка Cloudflare обработува технички податоци за уредот и прелистувачот. Turnstile не поставува колачиња.

Колачиња и мерење на посетеноста

Изборот за колачињата можете да го промените во секое време: .

Јадрото на nsOxygen

Првите 16 купувачи што ќе платат добиваат место во „Јадрото на nsOxygen“ на оваа страница. Со име, тип на објект, град и лого се прикажуваат само со ваша согласност, дадена во „Мојот nsOxygen“ → Јадро, и откако Наносторм Македонија ќе ги одобри. Дотогаш, и без согласност, местото се прикажува анонимно — само со типот на објектот и градот.

Согласноста можете да ја повлечете во секое време во „Мојот nsOxygen“ → Јадро или со порака до нас; тогаш вашето место останува, но се прикажува анонимно. Логото што ќе го качите се чува на нашиот сервер.

Кои други ги гледаат податоците

Некои од нив можат да ги обработуваат податоците и надвор од Република Македонија. Тоа се големи даватели на услуги кои за пренос на податоци нудат законски заштитни мерки, како стандардните договорни клаузули; нивните услови за заштита на податоците се објавени на нивните страници.

Како ги чуваме

Деца

Страницата и nsOxygen се наменети за фирми и за возрасни лица што ги претставуваат. Свесно не собираме податоци од лица помлади од 18 години.

Вашите права

Имате право да побарате:

Пишете ни на info [at] nsoxygen.mk и ќе ви одговориме најдоцна за 30 дена. Ако сметате дека не постапуваме правилно, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.

Промени

Ако ја промениме оваа политика, новиот текст ќе биде на оваа страница, со новиот датум на почетокот.